Откако зврши состанокот меѓу комесарот Адам Силвер и претставници на тимовите, беше констатирано дека НБА лигата ќе продолжи на 31 јули.

НБА лигата беше прекината во втората недела од март откако кошаркарот на Јута, Руди Гобер, беше позитивен на коронавирус.

Конечната одлука ќе биде донесена наредната недела, но на паркетот нема да излезат сите екипи, пренесува „ЕСПН“.