Познато како Сетијен бил понижен од Меси и Суарез

149

Едер Сарабиа, поранешниот помошен тренер во Барселона, откри уште една грда епизода која се има случено изминатата сезона. После несреќното реми на гостувањето кај Селта од Виго, на сите им станало јасно дека шансите на Барселона за одбрана на шампионската титула се сведени на теорија. Од таквиот факт најмногу биле погодени Лионел Меси и Луис Суарез, кои пред целиот тим решиле јавно да го понижат тогашниот тренер, Кике Сетиен.

Незадоволството кое со месеци постоело во соблекувалната кулминирало после натпреварот во Виго. Сарабиа на шпанските медиуми им открил дека Меси и Суарез на Сетијен му се обратиле со зборовите дека е најлошиот тренер во нивниот живот, а потоа употребиле уште неколку погрдни зборови. Двајцата потоа решиле дека нема да комуницираат со тренерот до крајот на сезоната, а за комуникацијата помеѓу тренерскиот тим и играчите биле задолжени Жерар Пике и Серхио Бускец.

  • Факт е дека сум вработен благодарение на Пике, кој е еден од главните играчи во Барселона. Постојат многу шпекулации, но голем дел од нив не се вистинити. Нема да кажам дека немало вжештени ситуации, како таа во Виго. Се случи тоа што се случи, но има многу работи кои се составен дел од оваа функција, изјави Сарабиа кој е тренер на ФК Андора, клуб кој е во сопственост на Жерар Пике.

Кике Сетијен беше тренер на Барселона до 17. август 2020 година, а најмногу ќе биде запаметен по срамниот пораз од 8:2 кој каталонскиот гигант го доживеа во 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони против екипата на Баерн (М).

Проблемите во Барселона продолжија и во следните неколку недели. Прво клупските челници решија да стават крај на соработката со Луис Суарез, кој сосема неочекувано беше продаден на големиот ривал од шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М), а потоа Лионел Меси испрати факт во кон напиша дека сака да си замине од „Ноу Камп“ како слободен фудбалер. Клупските челници веднаш му одговорија дека тоа е можно само доколку се активира ослободителната калузула во неговиот договор, вредна 700 мил. евра. Аргентинецот реши да ја спушти топката и одлучи да остане на „Ноу Камп“ до крајот на сезона кога и официјално ќе има статус на слободен фудбалер.