Познати сите двојки за 3. коло од ЛШ

89

Денеска во централата на УЕФА во Нион беше извршен ждребот за третата прелиминарна рунда во Лигата на шампионите. 32 тимови ги дознаа своите потенцијални ривали во обид да се пласираат во групната фаза од најпрестижниот фудбалски клупски турнири.

Еве ги сите двојки:

Селтик или Номе Калју – Макаби или Клуж
АПОЕЛ или Сутјеска – Карабах или Дандалк
ПАОК – Ајакс
Динамо Загреб или Сабуртало – Валета или Ференцварош
Црвена звезда или ХИК Хелсинки – Копенхаген или Њу Сејнтс
Марибор или АИК – БАТЕ Борисов или Розенборг
Истанбул ББ – Викторија Плзен или Олимпијакос
Краснодар – Порто
Бриж – Динамо Киев
ПСВ Ајндховен или Базел – ЛАСК Линц

Натпреварите ќе се играат на 6/7 и 13 август.