Македонската ракометна репрезентација се пласираше во главната фаза на Светското првенство во ракомет откако го победи Чиле во последниот меч во групата. Веќе се познати и противниците на „црвено – жолтите“ во наредната фаза, а тоа ќе бидат селекциите на Русија, Словенија и Белорусија.

Засега сигурно е само дека Македонија на 20 јануари во 20.30 часот во Каиро ќе излезе на мегдан со селекцијата што ќе го освои второто место во Х – Групата. Во рамките од второто коло, на 22 јануари ќе се сретнеме со победникот од групата Х, а настапот ќе го завршиме на 24 јануари со дуел против третопласираната селекција од оваа група.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац, нема да пренесе бодови во главната фаза, но наредните три меча ќе бидат дополнително искуство за подмладената ракометна репрезентација.