Познати добитниците на субвенции за велосипеди, инвертери и печки на пелети

101

Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за набавка на велосипеди, инвертер-клими и печки на пелети по јавните повици што беа објавени на крајот од септември.

– Се пријавија вкупно 303 жители на Општина Аеродром, од кои 287 беа со уредна документација и ќе добијат средства. За набавка на инвертер-клими, од 42 пријави, условите ги исполнија 19 домаќинства, додека за набавка на печки на пелети субвенции ќе добијат тројца пријавени, а еден не ги исполнил бараните услови – велат од општина Аеродром.

Во истиот период е објавен и јавен повик за субвенционирање чистење оџаци, но немаше ниту една пријава. Добитниците на субвенциите ќе бидат писмено известени, а паричните средства ќе им бидат исплатени до крајот на ноември или на почетокот на декември.

Општина Аеродром оваа година за субвенциите издвои вкупно 1.100.000 денари од својот буџет.