Познатиот бренд Xiaomi влезе на македонскиот пазар

3253

Xiaomi, еден од топ-ри брендови во светот, влезе на македонскиот пазар. Овој кинески бренд е присутен во над 100 земји и региони низ светот, а во август годинава  по трет пат се најде на листата на Fortune Global 500.

Xiaomi е компанија за електроника за широка потрошувачка и паметно производство , со примарен фокус на паметните телефони, паметен хардвер и платформа за интернет на нештата.  Деновиве овој реномиран бренд отвори прва продавница во Скопје во која може да се најдат сите производи од овој бренд кој веќе 11 години креира квалитетна технологија достапна за секого.

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и котирана на Главниот одбор на берзата во Хонгконг во јули 2018 година.