Позната е цената на влезниците за дуелот помеѓу Македонија и Косово

225

Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на Нации меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово. За натпреварот кој ќе се одигра на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари;

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“;

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21. март 2020. година во Скопје во х. „Александар Палас“;