Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс проговори за врската со девојката Никол Даза.

Олимпискиот шампион живее во Рим со Никол и нивните две деца. Иако е роден во САД, Марсел се идентификуваше како Италијанец и и донесе олимписко злато на оваа земја. Тој на Олимписките игри во Токио во 2020 година освои два златни медали, неодамна славеше и на Светското првенство во Белград, а има и европско злато од 2021 година.

Џејкобс прво се натпреваруваше во скок во далечина, а од 2019 година се фокусира исклучиво на спринтерските трки. Тој даде интересно интервју со идната сопруга, а во разговар со италијанските новинари откри неколку интимни работи од приватниот живот.

Спринтер призна дека кај Никол најмногу го „палат“ градите, додека таа пак истакна дека и се допаѓа задникот на Марсел.

Кога водителот ги прашал колку пати неделно имаат секс, Марсел додаде дека никогаш не е исто и дека се зависи од тоа колку често се дома, а на прашањето колку долго траат нивните сексуални односи, тој одговорил: „Зависи колку време не ја имам видено“.

Заедно се сложиле дека најлудиот секс го имале во воз, а што се однесува до позата во кревет и двајцата ја сакаат „69-ка“.

Тоа не беше крајот на нивните откритија од нивната спална соба. Тие признале дека знаеле да мастурбираат и да се снимаат, а спринтерот на крајот ја открил и должината на неговиот пенис.

-Околу дваесет сантиметри, изјави низ смеа спринтерот.