Пожарникарите околу еден час пред полноќ интервенирале на подрачјето на Бит Пазар каде од пиротехнички ракети настанал пожар. Сопственикот на објектот бил извлечен во бесознание.

-Во 23 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули Бит Пазар на тераса од употреба на пиротехнички ракети настанат е пожар во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание. Веднаш е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот, информираат од скопската противпожарна бригада.