Пожар на Закинтос, евакуирани две села и еден хотел, Македонци нема!

136

Од македонското Министерство за надворешни работи, велат дека нема ниту еден наш граѓанин кој побарал помош. – До сега немаме информации дека некој наш турист е загрозен од пожарот на островот. Доколку на некого му е потребна помош, може да се обрати во нашето конзуларно претставништво, велат од МНР.

Закинтос инаку една од омилените дестинации на нашите туристи како и на гостите од соседна Србија, се уште е во пламен. Во неделата на островот пристигнаа пожарникари од Солун, но и генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хараљас. Во справувањето со огнените јазици учествуваат 171 пожарникар со 52 возила, две специјални пожарникарски единици, девет пешадиски единици, два авиони и четири хеликоптери, а помагаат и 13 цистерни од општината.

Во пожарот што од вчера беснее во јужниот дел на грчкиот остров Закинтос, материјална штета претрпеа неколку куќи, а две села и еден хотел беа превентивно евакуирани. Пожарот е многу блиску до куќите, а силниот ветер им создава големи проблеми на пожарникарите во гаснењето на огнената стихија.

Од македонското Министерство за надворешни работи,за весникот Вечер, велат дека нема ниту еден наш граѓанин кој побарал помош. – До сега немаме информации дека некој наш турист е загрозен од пожарот на островот. Доколку на некого му е потребна помош, може да се обрати во нашето конзуларно претставништво, велат од МНР.

Над 170 грчки пожарникари цела ноќ водеа битка со огнените јазици на островот Закинтос, а шумскиот пожар, речиси 24 часа подоцна, сѐ уште не е ставен под контрола, jави дописничката на МИА од Атина.

-Вчера беше многу опасна ситуацијата. Фронтот и понатаму е голем, над 10 километри, но во текот на ноќта имавме промена на правецот и сега ситуацијата е побезбедна, вели градоначалникот на Закинтос, Никитас Аретакис за грчкото радио “Тема“ и додава дека неколку домови претрпеа штета, а горат илјадници хектари шума.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на плоштадот во едно од селата во близина на пожарот, кое во неделата беше евакуирано, се наоѓа координативниот центар, а генералниот секретар за цивилна заштита ги координира активностите на пожарникарите и инволвираните во гаснењето на пожарот.