Пожар во спортски комплекс во Мостар, засега нема информации за повредени

91

Во спортскиот комплекс Арена Спорт Центар во Мостар денеска избувна пожар, а според првичните информации, нема повредени, пренесува Кликс.ба

Како што наведува сараевскиот протал, сите посетители се евакуирани откако некаде по 16 часот дошло до пожар и во текот на гасењето на огнот.

На терен се повеќе пожарникарски возила, полицијата и две екипи на Брза помош. Според неофицијални инфомрации, се запалила сауната.

На снимката која ја објави Клик.ба се гледа како мажите го кршат стаклото во теретаната, која се наоѓа во објектот за да можат да излезат.

Тие потоа се симнале по скалите, додава порталот.