Пожар во зградата на Федералната служба за безбедност во Ростов, едно лице загина, две се повредени/ВИДЕО

32

Едно лице загина, а две се повредени во пожар што денеска избувна во зградата на граничната служба на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија, соопштија од службите за итни случаи.

Според гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев, причина за пожарот е краток спој во електричните инсталации.

Како што изјави на својот канал Телеграм, пожарот избувнал во помошните простории на граничната служба на ФСБ, а пожарот предизвикал експлозија на контејнери со гориво и мазива, пренесува РИА Новости.

Од Министерството за вонредни состојби за Тас велат дека пожарот избувнал на вториот кат од двокатна зграда од тули со површина од 880 метри квадратни.