Пожар во атарот на каменичкото село Цера

100

Во атарот на каменичкото село Цера попладнево избувна пожар. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од оваа општина дојавата за пожар е регистрирана околу 18 часот, по што нивна екипа се упатила кон атарот на ова село.

– Во моментот се утврдува точната локација, по што ќе знаеме и повеќе детали за видот и обемот на пожарот, информираа од ТППЕ од М.Каменица

Случајот го пријавиле жители на село Косевица, според кои најверојатно станува збор за пожар од поголем обем.
Ова е прва интервенција на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица во новата 2022 година.