Пожарникарите спречија втора експлозија во Леверкузен

206

Противпожарната единица, по три часа борба со стихијата, успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија во резервоарот со растворувачи во фабриката за согорување отпад во германскиот град Леверкузен.

„Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал“, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот“ се распоредени 300 пожарникари.

Во експлозијата во објектот за депонирање на отпадни производи Буериг, управувана од компанијата „Авента“, загина едно лице, 31 се повредени, додека четворица се водат за исчезнати.

Условите на теренот се уште не дозволуваат отпочнување на истрага за причините за експлозијата, пренесе ДПА. На жителите се уште им се препорачува да не излегуваат и да седат со затворени прозорци и врати, како и да не јадат храна од градина. Предупредување е упатено и за жителите на Дортмунд кој е на 60 километри оддалеченост од Леверкузен.