Пожари во Калифорнија: Петмина загинати, илјадници евакуирани

30

Најмалку пет лица загинаа, а десетици илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во заливското подрачје Сан Франциско, каде беснеат десетици пожари предизвикани од молњи.

Тројца од загинатите се во округот Напа, едно во округот Солано, а загина и еден пилот кој со хеликоптер ги гаснеше пожарите. Најмалку две лица се сметаат за исчезнати, а повредени се повеќе од 30 жители и пожарникари.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом, по посетата на центарот за евакуација во Ватсонвил изјави дека пожарите се јасен показател за климатските промени и порача: „Ако ги негирате климатските промени, дојдете во Калифорнија“.

Во Калифорнија во моментов има десетици големи пожари, кои уништија над 150 објекти, меѓу кои и семејни куќи, а загрозени се 50 000 домови. На терен се повеќе од 10 илјади пожарникари, од кои дел се со продолжени смени до 72 часа.

Во Калифорнија веќе една седмица има рекордно високи температури, а во неделата, во Долината на смртта, беа измерени рекордни 54,4 Целзиусови степени. Истовремено, оваа сојузна држава е погодена и од најсилните бури во последните 20 години. Неделава околу 11 илјади молњи предизвикаа 370 пожари.