Поезија од Наташа Сарџоска објавена во САД

75

Во светската антологија „Поети за човештвото:светот се лечи со мир“ на издавачката
куќа „Inner Child Press“ објавена овој месец во Чикаго се наоѓаат и поетски песни на
Наташа Сарџоска.

Ова е четврта меѓународна објава на Сарџоска по објавувањето на
поетската книга „Крстна коска“ во Косово и Италија, како и дел необјавени
песни на шпански јазик во ревијата „Игитур“ во Мексико. Нејзини песни
напишани на италијански јазик беа објавени и наградени и во Италија на
конкурсот „Песна за Неапол“ во јануари годинава.

Поетските настапи на Сарџоска на саемите за книга во Торино и Милано,
како и промотивните настани за нејзината книга во Рим и Болоња, се
презакажани за октомври