Поевтинија услугите на МОЈ СЕРВИС на БЕГ

253

Компанијата „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ ги намали цените на услугите што на корисниците им ги нуди преку услугата МОЈ СЕРВИС.

– Со цел да им овоможиме на што поголем број вклучени потрошувачи да ги користат професионалните сервисни услуги на МОЈ СЕРВИС, понудивме намалување од 20% на цените за услугата – работната рака во периодот од 1-ви мај до 31-ти август 2019 година. По завршување на акцијата, услугите ќе се наплаќаат во целост, согласно важечкиот ценовник – соопштија од БЕГ.

Сите неопходни информации и совети за одржување на внатрешната грејна инсталација во летниот период, потрошувачите можат да ги добијат преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02/3076-20 и на интернет страницата www.beg-snabduvanje.com.mk