Поддршка за угостителите најави кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски

50
Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски оствари средба со угостителите од Куманово. Тој најави поддршка за овој сектор, намалување на општинските давачки за овој сектор кој се соочува со потешкотии предизвикани од ковид кризата. Кандидатот за градоначалник Илиевски најави и конкретни мерки за развивање на локалната економија, преку поддршка на угостителите.
– На средба со угостители од Куманово истакнав дека како иден градоначалник го поддржувам приватниот сектор, потекнувам од приватниот сектор, ги знам проблемите и приоритетите и ќе го поддржам секое нивно барање-рече Илиевски.

На средбата било разговарано за можностите за ослободување на давачки кон општината за време на ковид пандемијата. Илиевски најавил и решавање на недостатокот на паркинг простор, утврдување на временска рамка и редовно изнесување на смет во близина на угостителските објекти.

– Да се укине двојната такса за обавување дејност пред деловна површина, такса која ја има само Куманово-кажа Илиевски.