Тренерот на каталонскиот кошаркарски гигант, екипата на Барселона, Светислав Пешиќ, имаше ново шоу на натпреварот против Мурсија кој го добија со 87:83.

Српскиот стручњак беше лут на своите кошаркари за недоволната ангажираност на теренот, па мораше да свика тајмаут, на кој имаше што да им каже и тоа на три јазици.

  • Ова е циркус! Ова не е кошарка! Еден на пет! Јас не ве разбирам!, беше лут како рис Пешиќ урлајќи на англиски јазик.

Потоа тој му обрати на еден играч на шпански: „Каде“?

Конечно, кога веќе не знаеше што ќе прави, тренерот заврши со пцуење на српски јазик.

  • Немојте да ме за*бавате!, заврши Србинот.