Светскиот шампион во тешка категорија и сопственик на ВБЦ појасот, Британецот Тајсон Фјури, планира да го потпише најголемиот договор во неговата кариера.

„Кралот на циганите“, како што е неговиот прекар, наскоро му истекува неговиот тековен договор вреден 80 милиони фунти со компанијата „Топ Ранк“, односно остануваа уште две борби до истекот, а после тоа сака да го стави својот потпис на хартија што ќе го направи најплатениот боксер во светот.

  • Сакам да го продолжам договорот со истите момци. Не сакам да ги одработам остатокот и да си заминам. Значи, подобро имате шлепер полн со пари и да го растоварете го на сметка на Тајсон Фјури, ќе ви треба тоа – тој беше сликовит британски боксер, истакна Фјури, па додаде:
  • Сакам нова голема работа. Сакам да соборувам рекорди, знам дека овие компании можат да го постигнат тоа. Знам дека мојот договор може да биде поголем од оној на Мејведер, Тајсон, Алварез, или било кој друг.

Во февруари 2019 година, Тајсон Фјури потпиша договор со „Топ ранк“ за пет натпревари. За да биде најплатен, тој ќе мора да го надмине договорот на Канело Алварес од 365 милиони долари.