Британската кралска палата бара кандидати со претходно искуство во управување со социјални мрежи, кои се иновативни и креативни и имаат добра вештина на пишување и фотографирање.

Бакингемската палата вработува личност за управување со дигитални комуникации, која би била задолжена за управување со социјалниот имиџ на кралицата Елизабета II. Со други зборови ќе ги водат социјалните мрежи за кралицата, пишува Тајм.

Британскиот двор, како што е наведено на службената страница нуди плата од околу 30.000 фунти годишно, зависно од работното искуство со работно време од понеделник до петок и тоа 37,5 часа неделно во Бакингамската палата.

Освен тоа, во огласот се нуди 33 работни дена годишен одмор. Британското кралско семејство се повеќе ги користи социјалните мрежи за да сподели содржини и да комуницираат со луѓето, а кралицата не сака да заостанува во дигиталната револуција, како што е наведено во соопштението од палатата.

Идеалниот кандидат треба да има диплома и искуство со веб страниците, како и да има иновативен и креативен дух, флексибилен простап и врвни комуникациски вештини . Рокот за пријавување е до 26 . мај.