Сутлијаш -омилениот сладок десерт од ориз:Подготвен по турски рецепт е друга приказна

5590
Го сакаат и младите и старите -неодоливата креместа комбинација од ориз и млеко се претвора во  гурмански спомен нераздвоен од сечие детство.

Но, дали сте го пробале по овој турски рецепт кој содржи уште една, неочекувана состојка, покрај основните ориз, млеко и шеќер:

Потребно е:

1 шолја ориз

3 шолји вода 500 милилитри млеко

6 лажици шеќер

1 кесиче ванилин шеќер

1 кесиче пудинг

1 рака ореви

Подготовка:

Оризот исплакнете го од скробот додека водата не стане проѕирно чиста, па сварете го на тивок оган заедно со сите состојки. Мешајте на тивок оган додека да се згусне.

Приготвениот десерт сипете го во чинивчиња претходно навлажнети со вода.

Украсете со ореви, или зрна калинки и послужете го десертот изладен.