Подготвен летниот цветен расад за уредување на градското зеленило

191

Во производствените капацитети на „Флораком“ ДООЕЛ целосно е подготвен летниот цветен расад од видовите бегонија, петунија, агератум, тагетес, винка, колеус, салвиа, циниа, пеларгониум и целосија за уредување на цветните површини во градското зеленило.

Како што информираат од јавното претпријатие „Парекови и зеленило“, овој широк асортиман од цвеќе граѓаните може да го набават и за разубавување и освежување на своите градини, дворови и балкони.

-Тие исто така можат да се обратат за консултации и совети за тоа како да ги негуваат, одгледуваат и заштитат цвеќињата и растенијата овој период од годината, а може да се набави и плодна земја и тресет за расадување – нагласуваат од претпријатието.