Подводен музеј во Турција – вистинска туристичка атракција
Подводниот музеј на дното на Средоземното море, кај местото Сиде во Анадолија, е голема туристичка атракција во Турција. Отворен е во октомври 2015 година, а досега го посетиле 50.000 нуркачи. Сместен е на длабочина од 11 до 24 метри, моментално има 117 експонати, кои говорат за богатото културно-историско наследство на Анадолија. Музејот од брегот на Сиде е оддалечен околу 2,5 километри, а посетителите доживуваат и адреналински предизвик, бидејќи нуркаат со врвна опрема заедно со лиценцирани кустоси и нуркачи.