Ирскиот УФЦ борец Конор Мекгрегот, постојано е во центарот на вниманието и покрај тоа што се нема борено од октомври минатата година. Ирецот постојано привлекува внимание со совите објави на социјалната мрежа „Твитер“, а неодамна постави твит со датум 14. декември и главниот ирски град – Даблин.

Британските медиуми веднашобјавија дека тоа би можело да биде датумот на кој Меккгрегор ќе се врати во кафезот против неговиот сонародник Лук Килер, но ирскиот борец ги одби шпекулациите за оваа борба.

-Поголеми шамси има да заврши во затвор или на рехабилитација, отколку да се бори против мене. Но, никогаш не се знае, изјави Килер и притоа додаде:

-Имаше преговори, но мојот тим заклучи дека во овој момент за нас е подобро да се фокусираме на титулата светски шампион, бидејќи веќе ја имаме таа понуда на маса. Во меѓувреме тој може да се среди, бидејќи ќе ја земам титулата и тогаш ќе има поглеми шанси за реализација на нашата борба, истакан боксерот.

Откако пропадна овј меч се претпоставуа дека 14. декември ќе биде резервиран за промоција на новото виски „Пропер12“ со кое Конор направи голем бизнис.