Поголема плата за Мата

44

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, сака по секоја цена да ја продолжи соработката со шпанскиот интернационалец Хуан Мата.

Поранешниот репрезентативец на “црвената фурија” на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, но “црвените ѓаволи” веќе му понудија ново едногодишно продолжување на соработката.

Доколку ја прифати понудата да остане на “Олд Трафорд”, искусниот играч за врска ќе си обезбеди неделна плата од 170.000 фунти.