Погба сега сака во друг клуб

92

Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека искусниот играч за врска, Пол Погба е сериозно заинтересиран за преселба во редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Погба веќе подолг времени период сака да си замине од „Олд Трафорд“, а голем интерес за неговите услуги покажаа и раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М). Французинот ќе ја добие потребната дозвола за да си замине од Манчестер само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 120 мил. евра.