Погба откри за кој клуб сака да игра

296

Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека францускиот интернационалец Пол Погба сака по секоја цена да си замине од „Олд Трафорд“ за време на летниот преоден рок.

Освен дека сака да стави крај на соработката со „црвените ѓаволи“, најскапата аквизиција во клупската историја на „црвените ѓаволи“, сака својата кариера да ја продолжи во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

Неговата желба ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за обештетувањето не биде помала од 120 мил. евра.