Повреден работник во фабрика во Пробиштип

117

Работник бил повреден ноќеска при работа во фабрика во Пробиштип.

Како што соопшти МВР, изутринава во 00:40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип бил донесен Д.Ј.(23) од Пробиштип.

Според пријавеното, работникот се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип по што бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.