Повратот на ДДВ од мај ќе биде 2.100 наместо 1.800 денари

99

Собранието ги донесе измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.

Со оваа измена се овозможува зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари – март 2023 година.

Зголемувањето беше најавено уште минатата година.

Директорката на УЈП во телевизиско интервју реле дека обезбедени се средства и мерката „Мој ДДВ“ ќе продолжи да се реализира со зголемен лимит.

„Мерката „Мој ДДВ“ даде резултат. Обезбедени се средства за што имавме подадена рака од Министерството за финансии. Повеќе од 2 милијарди денари се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќа за едно тримесечие 2 100 денари кај граѓаните, наместо досегашните 1 800 денари“, рече Лукаревска.