Поводот е можеби секогаш различен, ама симболиката на цвеќето иста

123

Овен ако не сте добар познавач на цвеќето или оној кому му подарувате извборот на цвеќе за посебна пригода може да биде проблем кој го решава само искусен цвеќар. Бојата, видот, големината сето тоа може да биде збунувачки, особено на денови каков што беше денешниот.

Осми март, свршувачка, свадба, матурска, дипломска, докторат, нов дом, годишнина или прва средба со некој многу важен, изборот на цветот или букетот може да биде полн погодок или промашување.

Затоа, познавајќи ја судбината на едни од најчесто подаруваните цветови, секогаш ќе бидете чекор напред во оставањето вистински впечаток. А во тоа е и целата намера на дарувањето цвеќер, нели!?

На прво место цвеќето може да се подели по боја, па така може да се истакне неговата симболика во однос на бојата. Независно од цветот, виолетовата боја симболизира нежност, сината верност, фантазија и сонување, а портокаловата гордост и животна енергија. Белата е симбол на невиност и чесност, црвената на љубов, оган, живот и убавина, зелената на разбирањето и сочувството, а жолтата љубомора, ама и радост.

Се разбира, за секој вид посебно, во комбинација со бојата, неговата симболика се одредува дополнително, бидејќи секој вид цвеќе иам своја симболика.

Каранфил

Многумина заборавија дека овој цвет пред само неколку години беше најчестиот подарок по повод Денот на жената. Денес, традиционалните каранфили можеби се заменети со некои „модерни“ цвеќиња, но каранфилите на 8 март дефинитивно не се клише, бидејќи овој цвет всушност има повеќе од двеилјадигодишна историја.

Црвениот каранфил е симбол на работничкото движење – светло-црвениот каранфил значи восхит, а темно црвениот каранфил – длабока љубов и наклонетост. Дефинитивно, овие денови улиците ќе бидат во бои на виножито и воздухот ќе мириса на полен, па дури и ако веќе сте купиле друг подарок, каранфилот ќе биде само уште еден мирисен, но и симболичен подарок што ќе го комплетира.

Рози

Ова е цвеќе кое се подарува најчесто, а во зависност од бојата има широк спектар на применливост во многу пригоди и животни ситуации, во кои се подаруваат рози. Црвените симболизираат страт и љубов, иако поретко може да означуваат и благодарност и пријателство. Белите означуваат девственост, искреност и безгрешност. Жолтите рози, од една страна симболизираат радост, а од друга страна, благодарение на вкоренетите традиционални верувања, се симбол на неверство и љубомора. Темновиолетовоите изгледаат ексцентрично и се знак за желба за посебност и издвоеност. Розите без трње, исто како пурпурните, може да означуваат љубов на прв поглед.

Нарцис

Може да означува самобендисаност, односно нарцизам, ама може да биде и симбол на раѓање, повторно будење, нов почењток, со оглед на тоа што никнува пред сите.

Лилјан

Овој цвет претставува бескрајна убавина, среќа, чистота, девственост, бесмртност и спас. Често се користи на венчавки, бидејќи според библиското предание симболизира избирање на саканата личност.

Мимоза

Мимозата е знак на сигурност, односно, добверба, а застапена е и во масонските обележја. Мимозата со златножолти цветови симболизира раскош и моќ. Таа е, исто така, симбол на љубезност.

Лале

Симбол на гордост и слава. Црвеното лале се врзува за љубов, а жолтото за безнадежна љубов. Цикламата означува грижливост, а кралската виолетова достоинство, а белото простување.

Ирис

Ирисот е често симбол на достоинство, слава и храброст. Синиот ирис, потиткнува фантазија, лагоден живот и среќа. Жолтиот означува страст.