Повик: Друштвото на писателите ќе прима нови членови

81

Друштвото на писателите на Македонија во текот на месецов ќе прима апликации за членство. Пристигнатите ќе ги разгледува Претседателството на ДПМ, на редовна седница во април, и по пат на гласање ќе ги избере кандидатите кои ги задоволуваат критериумите за избор.

“Пожелно е апликантите да се творци на дела со забележлив критички одглас во јавноста и да се личности кои се посветени на развојот и афирмацијата на литературата во современото општество. Особено се поттикнуваат помладите автори на возраст до 35 години, како и книжевните творци кои пишуваат на јазиците на националностите#, соопшти ДПМ, додавајќи дека основни критериуми ќе бидат уметничките квалитети на понудените авторски дела и степенот на нивна препознатливост и потврденост во релевантните книжевни кругови.

Апликациите, книгите и останатата документација може да се достават лично или по пошта во просториите на ДПМ, на ул. “Максим Горки# бр.18, секој работен ден од 9 до 12 часот, или да се пратат во електронска форма на адресата drustvonapisateli@gmail.com

.