Повеќе средства за образованието и пумпи за дезинфекција на училиштата

64

Општина Карпош е во подготовка за ребаланс на буџетот, со што ќе се овозможат повеќе средства за образованието и за најмладите. Од локалната самоуправа потенцираат дека оваа година, како резултат на ковид-19 не се одржа „Карпошово културно лето“ и Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол“.

– Ова се важни локални настани за граѓаните, но уште поважно е да обезбедиме подобри услови за почеток на учебната година – истакна градоначалникот Стефан Богоев.

Тој најави дека е планирана и донација од Општината, а тоа се пумпи за дезинфекција на сите училишта, подобрување на интернет врската по училниците, ИТ поддршка и скалест распоред за одржување на е-настава.

– И покрај задолженоста и чувствителноста на ситуацијата со ковид-19, ги правиме сите напори за безбеден почеток на учебната 2020/2021 година – велат од Општина Карпош.