Повеќе средства за конкурентност, иновативност и претприемништво

33

Министерството за економија за годинава има одвоено 53 милиони денари за Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво. Програмата, како што информира министерот за економија Крешник Бектеши, годинава ќе се спроведува во четири делови.

-Првиот дел ќе биде директна поддршка за малите и средните претпријатија, вториот дел е за генералната индустриска политика, третиот е за поддршка на кластерите, а четвртиот за поддршка на компаниите кои ќе преземаат активности во полето на општествена одговорност, рече Бектеши на денешната прес-конференција,.

Тој посочи дека во минатата година беа реализиран 99 отсто од средствата што беа предвидени согласно Програмата за конкурентност, иновативност и претприемништво.

-Имавме предвидено само 10 милиони денари за поддршка за малите и средните претпријатија, но и генерално за индустриската политика. Годинава имаме предвидено 53 милиони денари за оваа програма. Во неколку наврати кажавме дека 2019. ќе биде економска година за Република Македонија и убедени сме дека со креирање на ваквите мерки и со другите мерки предвидени од Владата, заедно со бисниз заедницата ќе го реализираме предвиденото во Буџетот, но ќе достигнеме и уште повеќе. Сите предуслови се исполнети во земјава да се реализирааТ сите предвидени проекти за 2019 година, посочи Бектеши.

Прашан зошто денешната прес-конференција ја почна на албански јазик, министерот Бектеши потенцира дека од денеска и албанскиот јазик е официјален.

-Од денеска официјални јазици во Република Македонија се македонскиот и албанскиот јазик, имајќи во предвид дека над 20 отсто од населените зборува албански јазик и тоа е објавено во Службен весник со новиот Закон за јазици, рече Бектеши.

Нагласи дека и претходно прес-конференцииите некогаш ги почнувал на албански, а некогаш на македонски јазик.

– Тоа не кажува ништо. Ние треба да се разбираме едни со други, имајќи во предвид дека јас и додека не беше објавен Законот за јазиците за нашите медиуми и за нашите граѓани сум се обраќал на албански јазик, така ќе продолжам и во иднина, нагласи Бектеши.