Повеќе скопски улици утре без вода

114

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците:  „Њу Делхиска“, „Дрезденска“, „Анкарска“, „Атинска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Генерал Михајло Апостолски“ и „Борка Талевски“.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради уличен дефект и дефект на шибер на улица „Дрезденска“ број 38 и „Анкарска“ во населбата Тафталиџе.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.