Специјализираниот портал  „50mm“ направи листа на спортистите кои се најисплатливи за маркетинг, но изненадувачки на оваа листа светскиот тениски рект број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, не е ниту во првите педесет.

Според поседна методологија, направен е систем на бодување во кој се вклучени некои параметри како релевантноста на спортистот, досригнувањата, исплатливоста на реклаирањето, повратните информаци на поторшувачите, односно следбениците на одереден спортист на социјалните мрежи…

Користени се резултати на компаниите на социјалните мрежи, растот на следбениците на спортистите, присутноста во медиумите и слични податоци. За оваа листа пратени се прфилите на повеќе од 6.000 спортисти од 21 различен спорт во времетраење од 12 месеци.

Интересно е тоа што аргентинскиот фудбалер Лионле Месе се најде на првото место со „инфлуенсерски скор“ од 115, иако одамна е познато дека Португалецот Кристијано Роналдо (Јувентус) е најдобро позициониран спортист на „Инстаграм“.

Сепак, Роналдо има најмногу следбеници, Меси е пдобро пласиран заради други параметри кои им се многу поваќни на спонзорите.  Роналдо има скор од 113, потоа следат: Леброн Џејмс со 110, звездата на Индија во крикер Вират Коли со 109 бодови. Петта на листата е канадската тенисерка Бјанка Андреску, со 107, а пота селдат Неимар, Хабиб Нирмагомедов, Роит Шарма, Мохамед Салах, а десети е Паоло Дибала.

Чудно е што Ѓоковиќ го нема во првите педесет на листата, неговите најголеми ривали Рафаел Надал е на 28. место, Роже Федерер е на 35 место, а најинтересно е тоа што пред него е и австралиската тенисерка Ешли Барти, која е на 48. место на оваа листа.