Австралиската боксерка Ебани Бриџис, и покрај тоа што загуби од Шенон Кортни за титулата во бантам-категоријата, не мора да очајува. После натпреварот, таа изгледаше непрепознатливо, нејзината ривалка и го смени личниот опис, но со појавувањето во танга на мерењето ја крена својата популарност до небо, а сè додека е популарна, понудите нема да изостанат.

Ова лето, среде коронавирусот, Ебани откри на кои начини заработи огромна сума пари, додека не можеше да влезе во рингот.

  • Навивачите од Велика Британија се најдобри. Јас сум професионална боксерка и штотуку продадов валкани чорапи на еден навивач од Велика Британија за 500 фунти. Што е уште полошо, ми бараат смрдливи чорапи повеќе од гаќички. Тоа е чудно. Разочарана сум што не ме замолија да ги потпишам, шокираше Ебани на Твитер.

Тогаш една боксерка го праша промоторот на боксот, Еди Херн, дали треба да го стори истото за да добие шанса за светската титула, но доби одговор од згодната Бриџис.

  • Вештачки гради помагаат, треба да инвестираш. Возбудлив стил на борба, харизма на личноста исто така помагаат. Спортот е забавен, а жалењето нема да те однесе никаде. Мој совет до тебе е да ја кренеш главата и да работиш повеќе, додаде Бриџис.

Инаку, Ебани е професорка по математика во средно училиште, а како што тврди и самата, учениците постојано ја прашуваат кога ќе биде нејзиниот следен натпревар.