Повеќе од 50 милиони потврдени случаи на коронавирус во Европа од декември 2019. досега

29

Повеќе од 50 милиони луѓе биле заразени со коронавирус во Европа откако вирусот се појави во Кина во декември 2019 година.

Вкупно потврдени случаи на зараза во 52 земји и региони во Европа се 50.021.615. Во последните седум дена се регистрирани повеќе од 1.382.000 случаи на инфекција, што е во просек 197.400 случаи на ден.

Во повеќето европски земји, епидемијата се намалува, со опаѓање на дневниот број на нови случаи во текот на последните две седмици.

Меѓу земјите кои тешко се справуваат со епидемијата е Кипар, кој минатата недела регистрираше 651 нов случај на 100.000 луѓе, што е најголема бројка во светот.

Од почетокот на пандемијата во Европа, бројот на починати од Ковид-19 е 1.069,900, а сега има околу 3.600 смртни случаи на ден.