Повеќе од 50 возачи во Скопје возеле над дозволеното

116

Вкупно 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило во текот на викендот во Скопје, а со “пајак# се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.
Како што соопшт МВР, во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 6 до 22 часот, откриени се и 51 останати прекршоци.

Издадени се 75 мандатни и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати.