Повеќе од бесна! Данијела ги избриша сите фотографии со Петар Грашо – сепак нешто остана!

709

Сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ направи вистинска катаклизма на Инстаграм и ФБ. До пред некој ден меѓу нејзините пријатели беше и сега веќе новата девојка на нејзиниот поранешен дечко Петар Грашо. Таа е како што сите знаеме, исто така сплиќанка, Хана Хуљиќ, ќерката на хитмејкерот Тончи Хуљиќ, кој на времето беше шеф на групата „Магазин“, во која пееше и Данијела..
Повредена или суетна, но Данијела, Петар и Хана со еден клик ги избриша овие свои Интернет-пријатели. И не само на Интернет туку и од својот живот.

– Доста ми е од сета таа ујдурма која се случува откако медиумите почнаа да пишуваат секакви или подобро кажано никакви приказни за мојата разделба од Грашо, раскажа Данијела, која и понатаму има огромен број обожаватели меѓу нив и кај нас во Македонија. Така што сите фотографии на кои е Данијела со Петар Грашо заминаа во заборав, таа ги избриша, со тешко срце! Сепак, нешто остана во меморијата на Гугл-пребарувач.

Инаку, Петар и Данијела, кои ние во Македонија нагалено си ги ословуваме со прекарите Петре и Данче, беа во врска повеќе од 24 години, а за нивното раскинување се дозна неодамна кога Петре најде нова љубов, девојката Хана Хуљиќ, која е 14 години помлада од него. (Д.М.) (foto:Story.hr)