Еден од најперспективните пилоти во Формула 1, Шарл Леклер, објави дека неговите расправии со клупскиот колега Себастијан Фетел нема да изгледаат како што беа видени минатата сезона.

Многу искри летаа меѓу двата пилоти на Ферари, што кулминираше на трката за Големата награда на Бразил, каде што двајцата мораа предвреме да ја завршат поради меѓусебен судир.

  • Ние сме исклучително конкурентни и понекогаш можеме да имаме конфликти. Но, обајцата сме доволно зрели и знаеме дека тоа што се случи на патеката останува таму, а надвор од неа сме сосема поинакви. Најважно е дека работиме добро надвор од патеката на развојот на болидот и дена не ги преминуваме границите кога сме на неа, каков што беше случајот во Бразил. Сметам дека тоа беше добра лекција за двајцата и истата нема да се повтори, изјави Леклер за „Автоспор“.

Пред судирот на „Интерлагос“, најдраматичната сцена меѓу Леклер и Фетел се случи во Русија во септември, кога четирикратниот светски шампион ги игнорираше наредбите на тимот за пропуштање на својот колега. Сето тоа беше дел од планот што првично беше договорен пред почетокот на трката да се обезбеди двоен триумф во Сочи. Претходно имаше искри и во трките во Италија и Сингапур, како и во неколку наврати на почетокот на сезоната.

Младиот пилот на Ферари, истакна дека може мирно да зборува со Фетел доколку дојде до недоразбирање на патеката се со цел навреме да се решат проблемите.

  • Имаше моменти кога навистина не се разбиравме. Но, никогаш не е паметно да се зборува за тоа веднаш по инцидентот. Ние оставивме времето да помине и после Русија, седевме во Јапонија, разговаравме, се разбравме и напредувавме заради тоа искуство, потенцираше Леклер.

Леклер веќе доби нов договор со Ферари, чиј возач ќе биде до 2024 година. Пред новата сезона, која започнува со трката за Големата награда на Австралија на 15 март.