После освојувањето на Ролан Гарос по вторпат во кариерата, Новак Ѓоковиќ му докажа на светот дека со 19. грен слем титули никој не смее да предвидува колку уште ќе освои во својата кариера.

За неговиот успех на тениските терени се пишуваше и во најновата колумна на реномираниот интернет-портал “Теннисбузз”, а нивниот заклучок е дека во тенисот повеќе не постои доминацијата на “голема тројка“.

-Повеќе не постои „голема тројка“ која доминира во тенисот, туку само Новак Ѓоковиќ, се вели во колумната на “Теннисбузз”.

Со ова на љубителите на тенисот јасно им се става до знаење дека Роже Федерер и Рафаел Надал не се повеќе дел од тимот кој доминира во светскиот тенис.

-Ова мислење нема да им се допадне на голем број љубители на тенисот, но сè потешко е да се негира дека Надал и Федерер не се веќе во одлична форма. Федерер, колку и да е брилијантен, нема освоено грен слем титула од Австралија опен во 2018 година и едвај да играше на неколку турнири од тогаш. Од друга страна Надал, покажува знаци дека не е она што беше. Загуби грен слем натпревар откако водеше со 2:0 во сетови, а неодамна го откажа учеството на грен слем турнирот Вимблдон и Олимписките игри, се вели меѓу другото во текстот на “Теннисбузз”.

Понатаму во колумната пишува дека терминот “големата тројка“ станал термин кој се користи за тројца големи тенисери, а не за тројца кои доминираат во тенисот.

-Постои само еден играч од нив тројца кој остана на високо ниво, тоа е Новак Ѓоковиќ. Моментно младите играчи се далеку од тоа дека може да го победат. Зверев не можеше да го победи Ѓоковиќ кога беше повреден на Австралија опен, а Медведев не ни можеше да му биде конкурентен во финалето. Тука е и Циципас, кој имаше два сета предност на Ролан Гарос и не успеа да го победи, се завршните зборови во колумната за моменталниот владетел во светскиот тенис.