Селекторот на хрватската ракометна рперезентација Лино Червар, истакна дека повеќе нема да седи на клупата на „коцкестите.“

-Благагодарен сум за сите медали кои ги освоив, не можам да се пожалам. Со гордост можам да погледнам наназад во својата кариера. Растев во мал град и постигнав многу. Благодарен сум им на сите играчи, тоа се се прекрасни луѓе и немам што да им замерам. Јас повеќе нема да ја водам Хрватска на Европско и Светско првенство, изјави Червар.