Повеќе и од забава, овој викенд: Дали ќе го видиме Ѓоковиќ како шоумен во Скопје, на турнирот во мал фудбал на новинарите од Македонија?!  

251

Како што се ближи големиот јубилеј – 30 години од „Турнир во мал фудбал на медиумите(новинарите) од Македонија“ кој, инаку, е со хуманитарен карактер,            во организација на единственото спортско радио во Македонија, Спортско радио 90.3 ФМ, овој викенд (7-9 октомври), така се комплетираат и екипите.

– Тоа нема да биде само спорт. Ќе биде фина забава со многу добра музика. Ќе има и голем број естрадни ѕвезди од поранешна Југославија. Според договорот, засега мораме да ги држиме нивните имиња во тајност – вели директорот на ова радио, Тони Митев, кој се заблагодари за медиумската поддршка од весникот ВЕЧЕР.

Митев со Ѓоковиќ!

Најголемо пријатно изненадување за сите нас ќе биде евентуалниот настап на светски популарниот тенисер Новак Ѓоковиќ. Траат финални завршни разговори со него, па ќе видиме што ќе се случи. Особено поради тоа што Новак не е само тенисер туку и голем шоумен. По секој настап, знае одлично да се забавува со сите присутни преку песните на своите омилени естрадни ѕвезди, како самиот да е естрадна ѕвезда, а со тоа мами неверојатно силни аплаузи – оптимистички вели Митев.

И воедно повикува овој викенд, на дружење, забава, музика и спорт! Има причина и затоа што во меѓувреме омилениот Горан Пандев го потврди своето учество.  (Д.М.)foto>informer/Fb