Повеќето болни од карцином добро реагираат на вакцините

100

Лицата болни од карцином имаа примерни заштини имуни одговори на вакцината против ковид-19, а притоа да немаат повеќе нуспојави во однос на општата популација, соопштија пет одвоени научни тимови на европоскиот состанок на онколози.

Во студијата во која учествувале 44.000 лица кои примиле две дози вакцини Фајзер/Бионтек, научниците не откриле разлика во нуспојавите кај 4.000.

Во друго испитување, научниците поучувале 791 лица болни од карцином кои примиле две дози од вакцината Модерна.

По 28 дена од примената втора доза, соодветно ниво на антитела во крвта најдено е кај 84 отсто од пациентите со карцином кои примале хемпотерапија во комбинација со лекот за имунотерапија, и кај 93 отсто кај пациентите кои биле само на имунотерапија.

Овие резултати се добри кога ќе се споредат со антителата измерени кај лица кои не боледуваат од карцином, истакна д-р Антонио Пасара, претставникот за медиуми од Европското здружение за медицинска онкологија.

„Високата стапка на ефикасност на вакцините што е воочена во испитаната популација, без разлика на видот на лекување на карциномот, претставува силна и охрабрувачка порака за пациентите и за нивните лекари“, стои во соопштението од ЕЗМО.