Канадската атлетичарка Алисија Њуман, на Олимписките игри дојде по неверојатниот скандал со нејзините голи слики што се појавија на страниците за возрасни, а потоа доживеа невидено понижување во Токио.

Имено, таа ги заврши Олимписките игри во Токио без ниту еден успешен скок во дисциплината скок со стап, иако веројатно не и беше нејзината цел да постигне некаков резултат на Игрите.

Алисија Њуман очигледно го загуби фокусот што се однесува до атлетиката, па натпреварот во скок со стап го заврши уште во квалификациите. За да бидат работите уште полоши, таа е единствената натпреварувачка која не успеа да скокне 4.25 метри, бидејќи сите три скока и беа неуспешни!

Патем, пред почетокот на Олимпијадата, Алисија отвори профил на една таква платформа и ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи.

  • Кога ако не сега? Ако не ги поместиме границите и не ги урнеме бариерите, тоа нема да ни донесе ништо добро во создавањето на сопствената личност. Цел живот, како спортист, ги пробивав тие граници, сега имам можност да ја покажам другата страна, како жена, напиша неодамна атрактивната Канаѓанка.