Победата над Војводина го одвои Варсар на лидерската позиција во СЕХА

144

Ракометарите на Вардар вечерва во Нови Сад ја совладаа Војводина со 26:23 во дуел од 14.коло во регионалната СЕХА лига.

„Црвено-црните“ на овој меч настапија без неколкумина стандардни во првата постава, а до бодовите дојдоа со подобра игра во последните десетина минути кога ја подобрија одбраната.

Најефикасен во победничкиот состав беше Иван Чупиќ со осум погодоци, Сташ Скубе постигна седум, Данаис Кристопанс шест пати се запиша во листата на стрелците.

По овој триумф, македонскиот шампион води на табелата со 36 бода, Нексе има 33, исто колку и Загреб кој има и натпревар помалку.

Токму Загреб в сабота му гостува на Металург на вториот македонски претставник во СЕХА–лигата.