Екипите во НБА-лигата веќе некое време се ставени во карантин, во „Дизни светот“ во Орландо, каде што се подготвуваат за продолжение на сезоната.

На играчите им е строго забрането да го напуштат комплексот „Дизни“ поради добро познатата состојба со визирот „ковид-19“, освен во случај на посебни дозволи од клубот.

Лу Вилијамс е петтиот играч на Ло Анџелес Клиперс кој го напушти комплексот во Орландо од „приватни причини“. Сепак, Вилијамс можеше да се најде во голема неволја.

Вилијамс, наводно, побарал дозвола да го напушти Орландо за да оди на погребот на неговиот дедо. Не е познато дали отишол таму, но ја искористил можноста да излезе во стриптиз бар со пријателите.

Тоа беше откриено од страна на американскиот рапер и текстописец, Џек Харлоу, кој објави, па брзо ја избриша фотографијата со Вилијамс со порака: Локација која никогаш нема да ја погодите.

Подоцна, Харлоу ја избриша контроверзната фотографија, а голем број американски медиуми веруваат дека е направена во стриптиз бар (наводно клубот „Атлантик Меџик Сити“).

Ако Вилијамс навистина се „забавувал“ во стриптиз клуб, не би било изненадувачки да се соочи со сурова казна од НБА-лигата, која прави сè за да ги задржи кошаркарите здрави без да се заразат со коронавирус.

Лу Вилијамс дефинитивно мора да покаже негативен тест за ковид-19 по неговото враќање во Орландо и да помине четири дена во карантин.