Плишани играчки им прават друштво на осамените гости во тајландски ресторан во време на мерки за социјално оддалечување

82

Управата на ресторанот Месон Сајгон во Банкок води сметка за почитувањето на препораките за социјално дистанцирање и во исто време им нуди на осамените гости друштво на многу креативен начин – ги сместува на маси со плишани панди.

Тајланд на почетокот од мај ублажи некои од ограничувањатa бидејќи бројот на заразени од вирусот корона се намали, што им овозможи на рестораните повторно да отворат, амa со строги правила за да се намали ризикот од ширење на вирусот.

„Претходно имавме само еден стол на масите каде што гостинот доаѓаше сам. Ама за мене тоа изгледаше чудно, па смислив да им понудат некое друштво, вели сопственикот на виетнамскиот ресторан во Банкок.

Гостите се одушевени од идејата и се согласни во тоа дека плишаните играчки навистина придонесуваат тие да се чувствуваат помалку осамено во ресторанот, ама и дека ова е практично решение бидејќи точно се знае кој каде може да седи, па нема прекршување на социјалната дистанца.

Извор:www.dailysabah.com