Пливање на Аеродром „бич“ – дождот направи езеро во скопската населба/ВИДЕО

1298

По синоќешните обилни врнежи, но и воопшто невремето кое деновиве го зафати главниот град и други градови во земјава, сликата на многу места е поплавени улици, булевари. Но, најстрашни се ископаните и неасфалтирани улици претворени во градилишта, како и огромните дупки на истите.

Една таква има и во скопски Аеродром, а на сета мака на „дромци“, едно момче реши да биде малку смешно, повеќе иронично, надевајќи се дека ќе ги „разбуди“ општинарите да преземат нешто.

Тој решил да го искорити огромниот вир и да заплива во него, а тоа да го сними и сподели на социјалните мрежи.